100 дена по работата на Владата опозицијата бара лидерска средба, техничка влада и предвремени избори
Заев мора да падне за Македонија да стане! Ова е оценката на опозициската ВМРО-ДПМНЕ по повод 100 дена од новиот владин состав на Зоран Заев и коалицијата СДСМ, БЕСА, ДУИ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски вели изминaтиве три месеци државата се соочува со катастрофални владини политики на сите полиња, а особено сме доживеале пораз во справувањето со КОВИД пандемијата и евроинтеграциите.
Мицкоски бара и оставка на Заев и формирање на експертска влада до предвремени избори во подобри здравствени услови.
Слични оценки и од албанската опозција која решението го гледа во широка владина коалиција.
Од власта пак, единствен кој ги коментираше 100 дена од вториот мандат беше министерката Шеќеринска. Таа објави дека од петок ќе почне отчетот на премиерот и министрите за досега сработеното.
По 100 дена влада се активираат и собраниските механизми за контрола врз извршаната власт. Освен пратеничките прашања, опозiцијата најавува интерпелации на министри од кабиентот на Заев како и барање за гласање на доверба на Владата но без да прецизира кога тоа ќе се случи.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
