11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
По денешното повторно затворање на воздушниот простор на Израел и аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, сите летови кон и од Израел беа откажани. Се очекува обновување на летовите во текот на денот, во зависност од безбедносната состојба.
Согласно информациите добиени од Амбасадата на Република Северна Македонија во Тел Авив, во моментов вкупно 11 македонски државјани чекаат евакуација со лет од Тел Авив. Истата би можела да се реализира во наредните денови, во зависност од развојот на безбедносната ситуација, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиМТ).
Како алтернатива, постои можност за евакуација по море – со брод од Ашдод до Лимасол (Кипар), за што Амбасадата е во редовна комуникација со македонските државјани и надлежните израелски власти.
-Потсетуваме дека, покрај евакуацијата на првата група граѓани реализирана со владин авион на 17 јуни, заклучно со 22 јуни, вкупниот број на заинтересирани македонски државјани за евакуација од Израел изнесува 27. Меѓутоа, не сите се подготвени тоа да го направат веднаш, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, МНРиМТ. ев/
Нагласуваат дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку Амбасадата во Тел Авив, останува во постојана комуникација и целосно на располагање на македонските државјани, сè до нивната безбедна евакуација. Воедно, апелираат до сите граѓани да се воздржат од патувања во земјите од Блискиот Исток каде што безбедносната состојба е сериозно влошена. Најавуваат дека за сите новини јавноста ќе биде навремено информирана.
Граѓаните можат да се обратат на следните СОС броеви:
+389 75 273 732 / +389 75 268 736
или дежурните телефони на Амбасадата во Тел Авив:
+972 54 500 8566 / +972 54 967 054
Ново на Сител
-
Трамп: Никој да не ги зголемува цените на нафтата
-
Истрага за насилство против татко и неговите два сина, од кои едниот малолетен
-
Евакуација на четворица македонски државјани од Израел
-
ДУИ и ВЛЕН застанаа зад САД за Иран
-
Истрага за семејно насилство во Батинци – тешко повреден маж, вмешани татко, син и малолетник
-
САД издадоа предупредување до своите граѓани ширум светот за зголемена закана по нивната безбедност
-
Кривична против жители на Марена поради сомнеж дека краделе кабел за фотоволтаици за струја
-
Aрсовска: Запознајте го Бујар Аземи, сопственик на 12-катницата во Чаир, изградена без проект, на диво приклучена на струја, без платени комуналии