1.200 пациенти со повраќање, дијареја и температура побарале медицинска помош во Гостивар

Околу 1.000 до 1.200 пациенти со симптоми на повраќање, дијареја, болки во желудникот, температура и омалаксаност во изминатите 3-4 дена побарале медицинска помош во ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.
Од гостиварската болница информираат дека поради зголемениот број пациенти се извршило зајакнување на медицинскиот персонал во одделенијата каде има најголем притисок.
Најголем број пациенти со овие симптоми се евидентирани на Инфектолошкото одделение, Детското одделение и во Ургентната единица.
Од болницата посочуваат дека на сите пациенти им е укажана медицинска помош и им е дадена соодветна терапија.
„Овој број на пациенти е надвор од редовните бројки на пациенти кои ги имаме во нашата установа“, информираат од ЈЗУ Општа болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар.
Ново на Сител
-

Високите температури го зголемија ризикот од труење со храна - на инфективна секојдневно имаат пациенти
-

За 30% зголемен бројот на повици во Итната помош Прилеп, недостасува кадар од сите профили
-

Овчата сипаница го пустоши сточниот фонд
-

Засилени акциските контроли во водите на Охридското Езеро
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
