Македонија
9. January 2026 - 14:35

16-годишник монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка во Куманово

Тинејџер од Куманово монтирал слики со експлицитна содржина од малолетничка, полицијата го приведе и ќе му поднесе пријава.

-Вчера во 15:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на социјални мрежи објавувал монтирани слики со експлицитна содржина од малолетничка, соопшти полицијата.

Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

МИА