Македонија
20. October 2026 - 14:48

17-годишник со нож повредил 15-годишник на Бит Пазар

17-годишник од Скопје бил лишен од слобода на подрачјето на Бит Пазар, откако претходно било пријавено дека со остар предмет нападнал 15-годишно момче и му нанел повреди.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот бил пријавен во полицијата, по што полициски службеници од СВР Скопје презеле мерки и на 19 октомври 2026 година, околу 17:00 часот, го лишиле од слобода 17-годишникот.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Засега не се соопштуваат дополнителни детали за околностите под кои се случил нападот, ниту за сериозноста на повредите на 15-годишникот.