171 санкционирани возачи во Скопје, 22 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 171 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, 20 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, четири мерки за возење под дејство на алкохол.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон, 13 санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 мерки за непрописно престигнување и обиколување, четири санкции за возач почетник...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Кочани доби Центар за поддршка на момчиња и мажи
-

Преглед на вестите од светот
-

Петрова: Условот е европски
-

Тема на денот со Антонио Милошоски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и потпретседател на Собранието
-

Планот на Мерц пред лидерите на Западен Балкан во Тиват
-

СДСМ: Младите на референдум да одлучат за иднината
-

Гужвите на Богородица продолжуваат - Грција бара нови решенија
-

13 годишник загина возејќи електричен тротинет во Куманово - дали е потребна построга регулатива?
