19 годишник од Кавадарци уапсен на наплатна рампа со 100 грама кокаин | ВИДЕО
На 17.06.2022 на наплатната станица Сопот на автопатот „Пријателство“, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи во содејство со СВР Велес – Одделение за недозволена трговија со дрога го лишиле од слобода Д.Г.(19) од Кавадарци.
По претходно добиена судска наредба, било запрено возилото „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и при личен претрес кај него биле пронајдени и одземени околу 100 грама кокаин и пари.
Исто така, при претрес во неговиот дом во Кавадарци, извршен со судска наредба, биле пронајдени пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик.

Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
