19-годишниот леопард Пан Баобао престар за диета – „Нека биде стар, дебел и среќен“, одлучија од зоолошката градина

Зоолошка градина во Кина одлучи да ја прекине програмата за слабеење на 19-годишниот леопард Пан Баобао, кој стана интернет-сензација поради својата прекумерна тежина и необичниот изглед. Наместо строги диети, чуварите решиле да му овозможат мирна и удобна старост.
Леопардот живее во зоолошката градина во градот Панџихуа, во кинеската провинција Сечуан, а популарноста ја стекна поради неверојатната сличност со полицаецот Клоухаузер од познатиот анимиран филм „Зоотопија“.

Поради неговата прекумерна тежина, чуварите во 2024 година започнале посебна програма за слабеење, која вклучувала контролирана исхрана и физичка активност. Сепак, обидите не ги дале очекуваните резултати.
Со оглед на тоа што Пан Баобао има 19 години, што според претставниците на зоолошката градина одговара на приближно 70 до 80 човечки години, одлучено е неговото здравје и удобност да бидат поважни од намалувањето на тежината.
Неодамнешниот ветеринарен преглед покажал дека леопардот е во добра здравствена состојба, поради што чуварите решиле повеќе да не го изложуваат на строги режими за слабеење.

Пан Баобао дневно добива повеќе од половина килограм говедско месо, а во неговата исхрана е вклучено и пилешко. За да остане активен, чуварите го поттикнуваат на лесни физички активности, меѓу кои и играње со голема топка.
Од зоолошката градина објаснуваат дека отсега нивната главна цел е леопардот да ја одржува тежината и да ужива во преостанатите години од животот, без дополнителен стрес.
Приказната за Пан Баобао повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи, каде што многумина со симпатии ја поздравија одлуката на чуварите да му дозволат да биде „стар, дебел и среќен“.
Ново на Сител
-

Приведени две лица од Кавадарци, при преглед и претрес пронајдени дрога и пари
-

До недела претежно облачно со дожд и снег, од понеделник стабилно и студено
-

Уапсен 27-годишен кумановец баран за издржување казна затвор од 2 години
-

Вучиќ најави штрајк со глад: „Ќе им забранам на лекарите да ми пружат помош, нема враќање назад“
-

Невидена гејмерска манија: ГТА VI одиграна 683 милиони часа за само четири дена од 39 милиони играчи на PlayStation 5
-

19-годишниот леопард Пан Баобао престар за диета – „Нека биде стар, дебел и среќен“, одлучија од зоолошката градина
-

Реал е првиот тим што избори плејоф во Лигата на шампионите
-

Почина гитаристот на „Дјуран дјуран“, Енди Тејлор
