20тина текстилни работнички останаа на улица
Во рок од 20 минути, отворена и затворена предстечајна постапка, по што штипската конфекција оди под стечај, а 20-ина текстилни работнички остануваат без никаква финансиска надокнада што ги следува, обвинуваат од Гласен текстилец.
-Три плати по 70%, една од 100%, опремнини, испратнини, да не говориме дека овде имаме и бремена жена која остана без право на породилно отсуство, имаме и неисплатени јубилејни награди, меѓутоа очигледно ова е во ред што се случува, дозволено е во нашиот Закон, а и никој нема намера да направи нешто околу тоа- изјави Кристина Ампева, Гласен Текстилец Штип.
-Избори се ближат, така што не знам колку гласови ќе изгубат. Тие нека му ја мислат- изјави Кате Ордева, текстилна работничка.
Освен трудовиот инспекторат, сите други надлежни институции до кои поднеле барање за преиспитување на работењето на фирмата останале „глуви“. Последна надеж им е Основното јавно обвинителство, кое треба да постапи согласно поднесените пријави.
-Да ги проверат наодите за лажен стечај, за злосторничко здружување, за оштетување на доверителите, бидејќи тие се вистинските доверители, а не е бабата, односно мајката на сопругата на управителот- додаде Ампева
-Како тоа зетот и должи на бабата, значи овде имаме фамилијарна поврзаност, нас тоа не интересира. Сега да отидеме во фирмата на адресата на ул. Брегалничка, се е нормално, работниот процес си е продолжен, работниците си работат- изјави Бисера Кафтанова, претставник на работничките од Алкон Текс.
Ги иритира и нехуманиот, игнорантски и бизарен однос на работодавачот откако им биле врачени отказните решенија.
-Каде сум одела јас на работа? Значи во таа фирма бев, а мене ми вели, таа фирма не постои на оваа улица- изјави Павлина Коларова, текстилна работничка.
Од Гласен текстилец велат дека префрлањето на капиталот од една во друга фирма во последно време е зачестена појава, а главни губитници се работниците.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар