21-годишник од Скопје поседувал средства за фалсификување и неовластено влегувал во компјутерски системи | ФОТО

На 16.05.2025 во Скопје, по добиена судска наредба, полициски службеници од Секторот за комјутерски криминал извршија претрес во дом и други простории кај Л.К. (21) од Скопје, по претходно спроведена истрага поради постоење на основи на сомнение за сторени кривични дела „правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување” казниво по член 271 од КЗ, кривично дело „компјутерски фалсификат” казниво по член 279-а од КЗ, кривично дело „злоупотреба на лични податоци“ казниво по член 149 од КЗ и кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ казниво по чл.251 од КЗ.

При претресот пронајдени се и одземени еден десктоп компјутер, три хард диска, два лаптоп компјутери, пет усб стикови, три мобилни телефони, околу 4.000 евра, уплатници и исплатници, како и фалсификувани паркинг налози од ЈП Паркинзи на општина Центар и полициски картички со логото на МВР. По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство.





Ново на Сител
-

Папата Лав XIV повика на еднодневно божиќно примирје низ целиот свет
-

Облачно со повремен дожд, на планините снег
-

Магла на Стража, слаб снег на Попова Шапка
-

Централен одбор на ДУИ: Избрани нови претседатели на локални ограноци, Арта Биљали Зендели нов портпарол
-

Без вода утре дел од улицата „Наум Наумовски Борче“ во Центар
-

Изречени казни кон правни лица - загадувачи во Скопје, објави градоначалникот Ѓорѓиевски
-

Почина Васил Рингов
-

Двојно зголемени казни за модуларната во Тетово
