2164 сообраќајни прекршоци изминатите три дена на територија на цела држава
Во текот на првите три дена од овој месец (01./02./03.06.2025) полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи, во рамки на засилените сообраќајни контроли на патиштата низ земјава, евидентираа вкупно 2164 платни налози по основ на разни прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и по основ на Законот за возила.
Така, заради возење со брзина поголема од дозволената изречени се 521 санкција, за неправилно паркирање 473 мерки, додека пак 221 учесник во сообраќајот се отстранети од сообраќај поради непоседување возачка дозвола.
Исто така за 125 учесници во сообраќајот изречени се прекршоци за некористење сигурносен појас, 72 возачи се санкционирани за користење на мобилен телефон при управување со возило, и уште 201 лице за неносење заштитна кацига.
Покрај ова изречени се четири прекршоци за лица што управувале електричен тротинет, а изречени се и 10 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, а пак од сообраќај се отстранети 85 возачи заради возење под дејство на алкохол.
Согласно пак Законот за возила во првите три дена од јуни беа изречени вкупно 110 санкции, од кои по основ на технички неисправни возила 39 и по основ на возила коишто не биле регистрирани 71.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС
-
Притвор за малолетникот кој извршил обид за убиство врз 55-годишен маж од скопско
-
Утре сончево и многу топло
-
АХВ воведе мерки на засилен надзор на болеста чума кај малите преживари
-
ДСЗИ: При инспекциските надзори во врска со смртта на детето од Кавадарци не се констатирани недостатоци од наша надлежност
-
Возач од кочанско со 2,25 промили алкохол во крвта управувал автомобил
-
Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во дискотеката во Кочани
-
Повредени двајца работници во Пробиштип и Пехчево