25 студенти до просек од 9.5 наградно ќе патуваат во Барселона
Најдобрите 25 студенти ќе одат на наградно патување во Барселона. Тие ги исполнувале условите, имаат просек над 9,5 и учат на трите најдобро рангирани универзитети во земјава. Еден од нив е Горан Димески од Прилеп. Во комбинација беа и Парис и Веенеција, но тој и неговите колеги едногласно одлучиле да патуваат во Шпанија.
На огласот кој го распиша министерството за образование пристигнале 132 апликации, но останатите не ги задоволувале критериумите.
-Патувањето е од 20 до 23 месецов. Трошоците за сместување,храна и авионски превоз ќе ги покрие ресорното министерство, изјави Спиро Ристовски, заменик министер за образование.
Наградното патување на најдобрите студенти е дел од четириесетте проекти за млади кои ги најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски. Ристовски најави дека ова мерка-наградно патување за најдобрите студенти ќе продолжи и наредената година.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
