Македонија
11. August 2026 - 14:38

28-годишен тетовец ги пријавил баба му и дедо му дека му украле 3,5 милиони денари

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.М. од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“, поврзано со пријавена кражба.

Според информациите од МВР, на 3 март 2026 година во СВР Тетово, Т.М. лажно пријавил дека два дена претходно, на 1 март, во неговиот дом, неговите дедо и баба му одзеле парични средства во износ од околу 3.500.000 денари.

Полицијата по преземените мерки утврдила дека станува збор за лажно пријавување, по што против 28-годишникот е поднесена кривична пријава.