-->
-->
30 дена притвор за обезбедувачот на Мицкоски осомничен за оддавање службена тајна
-->
30-дневен притвор доби Ангел Сарамаков од Велес, полицаец и член на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, под сомнение дека сторил кривично део „оддавање службена тајна“.
Тој е спроведен во затворот во Шутка, каде ќе ја издржува мерката. Сарамаков беше фатен во акција спроведена од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и МВР, а беше затекнат во возило „БМВ“ заедно со уште едно лице кое засега не се гони.
Кога бил претресен, кај Сарамаков во автомобилот бил пронајден ранец со службени материјали од МВР, а од двете лица се одземени мобилните телефони и се уапсени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз