30 дневен притвор за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“
Основниот суд во Кочани одреди 30 дневен притвор на сопственикот на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ Алаксандар Нацев, кој се терети за тешки дела против општата сигурност. Нацев е осомничен откако Обвинителството ја прошири истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“, која вработените во агенцијата биле задолжени да ја обезбедуваат кобната ноќ на 16-ти март. Агенцијата работела без склучен договор со сопственикот на дискотеката, а прекршени се и неколку членови од Законот за приватно обезбедување. Не постоел план за обезбедување, план за евакуација ниту е направена безбедносна проценка. Не се водело грижа за преполнетоста на капациетото со посетители, биле пуштани малолетници, а не било спречено внесувањето на пиротехнички средства. Премиерот Христијан Мицковски побара случајот да не се политизира.
Според опозициската СДСМ, Нацев е ,,жртвено јагне”.
Врз основа на судска наредба завчера е извршено претрес на лоакации во Скопје и Пробиштип, како и во автомобилот на Нацев, при што е одземена документација и електронски уреди. Во досегашната истрага за тешки дела против општата сигурност осомничени се вкупно 46-мина. Истрагата продолжува и за 14 полициски службеници, за кои се уште се собираат докази.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар