-->
-->
31 годишен скопјанец починал откако со товарно возило излетал од автопат
-->
Во текот на вчерашниот ден на автопатот Куманово-Скопје, 31 годишен скопјанец со товарното возило кое го управувал излетал од автопатот, при што починал на местото на несреќата.
На 11.04.2022 во 16.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Куманово - Скопје, во близина на клучка Хиподром, товарно возило „фиат фиорино“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ѓ.(31) од Скопје, излетало надвор од патот. На местото на несреќата починал Д.Ѓ., а смрт констатирала екипа од Итна медицинска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Активни пожари во Желино, Василево, Македонски брод и Прилеп
-
Бројот на жртви по превртувањето на туристичкиот брод во Виетнам се искачи на 38
-
Илјадници луѓе демонстрираа во Израел за ослободување на заложниците
-
Бројот на жртви во поплавите во Јужна Кореја се искачи на 14, 12 се водат како исчезнати
-
Сончево и топло, со температура до 39 степени
-
Состојба на патиштата
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Скопје - Тетово, ан ГП „Табановце“ се чека половина час
-
ДЗС: Активни четири пожари, под контрола три, 18 изгаснати