-->
-->
32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-->

Во тек е потрага по 32-годишен скопјанец кој исчезнал во Охрид, откако вчера во полиција било пријавено дека го напуштил автокампот во кој престојувал со својот татко.
Како што информира СВР Охрид, на 14 септември во 18:10 часот З.С. од Скопје пријавил дека неговиот син Б.С. (32) од Скопје го напуштил автокампот во Охрид, по што на плажата биле пронајдени дел од неговите алишта, мобилен телефон и гумен чамец.
Веднаш по добивањето на пријавата, во потрагата се вклучиле полициски екипи од езерската полиција и од СВР Охрид, заедно со членови на спасителската планинарска служба и нуркачки тим од нуркачкиот клуб „Охрид“.
Тие вршат пребарување на езерските води и на копно со цел пронаоѓање на лицето и расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ИПР бара трајно решение за кучињата скитници
-

Преглед на вестите од светот
-

Панел дискусија „Повеќе учество - повеќе демократија“
-

Teма на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

Притвор за лице кое се заканувало на премиерот
-

Писмена гаранција од сопственикот на „Пулс“
-

Одложено судењето за полицајците од „Пулс“
-

Дизелот поевтин за 2 денари од полноќ, бензините покапи за 3,5
