Македонија
6. August 2026 - 12:29

32 годишник искршил покуќнина и ги нападнал родителите со нож откако не му дале пари

32-годишен жител на Тетово е приведен откако, според пријавата, во текот на изминатата недела постојано им се заканувал на своите родители со остар предмет.

Од МВР информираат дека В.М. (32) бил лишен од слобода на 5 август во 08:25 часот од страна на полициски службеници од СВР Тетово.

Според пријавеното, на 3 август, откако родителите не му дале пари, тој оштетил дел од покуќнината, а потоа со остар предмет се обидел да го нападне својот 61-годишен татко.

Мажот бил задржан во полициска станица. По целосното расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.