Македонија
26. December 2025 - 14:06

39-годишен маж ги нападнал мајка си и сопругата

 Насилен скопјанец ја претепал сопругата, но и својата 60 годишна мајка.

- На 25.12.2025 во 12.15 часот во Полициската станица Кисела Вода бил извршен службен разговор со К.С.(39) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош, физички ги нападнал неговата 36-годишна сопруга и неговата 60-годишна мајка, известија од полицијата во денешниот билтен на настани.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.