48 земји беа предмет на сајбер нападот кој минатата недела блокираше институции - Сите очи се вперени во Пјонг Јанг
Вака изгледа погледот во живо на сајбер нападите ширум светот кој во релно време ги прикажува корпорацијата Норсе. Десетици напади во минута, од еден на друг крај на светот се постојана глетка, но многу поинаква беше сликата изминатиот викенд. 200 илјади компании во 150 земји ширум светот беа цел на напад.
За среќа сајбер криминалците овој пат ја одминаа Македонија. Министерката за информатичко општество за Сител вели дека по состанок со АЕК и националниот центар за одговор на компјутерски инциденти подготвиле низа мерки за заштита. Граѓаните кои сакаат да се заштитат можеда ги пронајдат советит на веб странциата mkd-cirt.mk. Арсовска томовска ги советува граѓаните да не вршат никаков контакт со сајбер напаѓачите и да не ги извршуваат плаќањата кои тие ги бараат.
Влора Адеми, регионалниот претставник на Мајкрософт за Македонија, Косово и Албанија, вели дека свеста за опасностите кои постојат во модерниот свет е на ниско ниво. Граѓаните со цел да заштетадат на легален софтвер се изложуваат на многу поголема штета.Од Мајкрософт дека Виндоус10 оперативниот систем не подлежи на вакви напади, но безбедносните служби советуваат да ги следите инструкциите и редовно да ги апдејтирате вашите системи.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
