Македонија
3. јуни 2025 - 12:19

50 години Институт за безбедност, одбрана и мир

Меѓународната конференција се одржува по повод 50 години од основањето на Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет - Скопје, на која е најавено обраќање на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерката за образование и наука Весна Јаневска, ректорката на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Билјана Ангелова, претседателката на Комората на РСМ за приватно обезбедување Верица Милеска Стефановска и деканот на Филозофскиот факултет - Скопје Оливер Бакрески.