Македонија
25. March 2026 - 16:31

559 претставки за дискриминација лани - раст од 22% за една година

Министерствата и институциите на државата се најголеми дискриминатори за кои граѓаните реагирале лани, покажува годишниот извештај на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2025-та. Според податоците, лани дури 559 преставки стигнале на адреса на Комисијата што значи зголемување за 22 отсто во споредба со 2024-та.

Во 56 случаи или 37% е утврдена дискриминација, а националната или етничката припадност е најчесто утврдена основа за дискриминација.

И покрај препораките нема слух од институциите за менување на состојбите, велат од Комисијата. Општините не ги почитувале укажувањата за пристап до домување и инфраструка во ромските населби, затоа Комисијата бара и министерството за транспорт да ја промени методологијата за планирање.

Речиси исто како и во 2024-та, мажите и жените подеднакво поднесувале преставки за дискриминација. Жените почесто пријавиле дискриминација врз основите пол, род, образование, возраст, семејна или брачна состојба , а мажите врз основа  национална или етничка припадност и политичко уверување.