871 прекршок за електрични тротинети во септември, најчесто возење без кацига

Во текот на септември годинава. на територијата на целата држава, Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон возачите на лесни електрични возила (електрични тротинети), при што биле констатирани вкупно 871 прекршок.
Според податоците на Секторот за сообраќајни работи при МВР, најголем дел од прекршоците, односно 377, се однесуваат на некористење заштитен шлем (кацига).
Најмногу прекршоци биле евидентирани на подрачјето на СВР Битола – 290. Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата констатирала 167 прекршоци, СВР Охрид 125, а СВР Струмица 113. Останатите прекршоци биле регистрирани на подрачјата на другите сектори за внатрешни работи.
Во рамки на контролите биле евидентирани и осум случаи на кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Дополнително, полицијата констатирала и 5.362 прекршоци сторени од други учесници во сообраќајот. За сите утврдени прекршоци се преземени соодветни мерки согласно законските прописи.
Од МВР најавуваат продолжување на засилените сообраќајни контроли и апелираат до возачите на електрични тротинети задолжително да користат заштитен шлем, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да се движат по површините предвидени за нивно безбедно учество во сообраќајот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Предвремени избори во Брвеница
-

Протести во Тирана, албанскиот премиер обвинува за странско влијание
-

Радуков се сомнева во македонските власти
-

Се укинуваат 33 учебници за основно, експертите сметаат дека е потребна сериозна промена и кај кадарот
-

Секој ден е важен, побрза дијагноза за ракот на дојка во Штип
-

Ќе се заштитува Студенчишкото блато
