Македонија
4. September 2025 - 17:02
90 години Хидробиолошки завод - Охрид
Хидробиолошкиот завод е жив сведок на човечката упорност и успех да го сочува непроценливото езерско богатство истакна претседателката Гордана Сиљановска –Давкова на одбележувањето на 90-годишнината од основањето на установата.
Институтот девет децении активно придонесува во проучувањето и заштитата на Охридското Езеро и природните ресурси, со што се вбројува меѓу најзначајните научни институции во регионот.
Институцијата претставува пресврт во истражувањата на уникатното Охридско Езеро, богатата флора и фауна со бројни ендемични и реликтни видови.
Заводот е основан во 1935 година и претставува најстара научно-истражувачка установа од областа на лимнологијата во земјава.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->