91,33 кг охридска пастрмка спакувана во ќеси пронајденa во „пасат“ на Албанец | ФОТО
Македонската полиција денеска фати албански државјанин со уловени 91,33 кг охридска пастрмка.
– Денеска (01.10.2022) по преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Франгово, на магистралниот пат Ќафасан-Струга, кај место викано Шумска колиба, приведен е E.С (27) од Република Албанија. При извршена контрола во патничко возило „фолксваген пасат “, со албански национални ознаки, биле пронајдени 91,333 килограми риба, поточно 119 парчиња охридска пастрмка, кои биле предмет на недозволена трговија од Р.Албанија кон РС Македонија, стои во соопштението од МВР
Е.С. е приведен во Полициската станица за граничен надзор Франгово и по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додаваат од МВР.
Ново на Сител
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано