Loading Video...
Кошарка
17. April 2020 - 19:54
АБА: Хрватите бараат три места на сметка на МЗТ Скопје?!
Заткулисни игри во јадранската АБА лига би можеле да завршат на сметка на МЗТ Скопје и македонскиот претставник да не добие прволигашки статус под притисок на хрватските екипи.
Да потсетиме македонскиот првак МЗТ Скопје како еден од основачите на АБА лигата побара место за следната сезона во елитната јадранска лига. Во дописот до раководството нашиот шампион образложи дека тоа се должи на прекинот на сезоната и дека ги следува место во елитата заедно со лидерот во АБА два лигата Борац Чачак.
Сепак како што пишуваат во Србија МЗТ би можело да биде жртвна на притисокот од хрватските клубови и да извиси. Лобито од Хрватска бара да нема испаѓање со што би се спасил Задар а додатното проширување да донесе место за најдобрите два клуба во втората АБА лига а тое се Борац и Сплит.
Останува да го видиме расплетот во јадранската лига во која Партизан како лидер ја бара титулата на што жестоко се противи Црвена Звезда. Дали одлуката ќе биде донесена откако ќе се реши судбината на Еролигата за која првиот човек Жорди Бартомеу најави дека ќе се доигра само доколку нема опасност од зараза за играчите.
-
Зоран Николовски
Сите содржини од овој новинар
-->
-->