Аџибадем Систина ја превзеде бугарската Токуда
Формирана е најголемата приватна здравствена групација во Бугарија. Здравствениот гигант Аџибадем и подружницата во Македонија Аџибадем Систина ја превземаа болницата Токуда и се споија со Сити Клиник. Новата групација со пет болници ќе биде именувана во Аџибадем Сити клиник. По добивањето на потребните докумени договорот е потпишан во Софија.
-"Договорот е во согласност со стратегијата на Аџибадем да се фокусираме на понатамошно развивање на клучните пазари во Централна и Источна Европа и регионот на Балканскиот полуостров, изјави Мехмет Али Ајдинлар, Претседател на Одборот на директори на Аџибадем Сити клиник и Претседател и Главен извршен директор на Аџибадем.
Болницата Аџибадем Систина во Скопје ќе биде дел од техничката подршка за средно медицинскиот персонал и тренинг центар за админитративните работи кои веќе се имплементирани во Македонија .
- Македонските пациенти во Бугарија сигурно ќе имаат пристап до услугите кои ги нема во Скопје, а ги има во Бугарија, односно ќе може преку Аџибадем Систина побрзо дојдат до услугата и да добијат подобра цена, изјави Јордан Камчев, главен извршен директор на Аџибадем Систина.
Токуда и две од болниците на Сити клиник се наоѓаат во Софија, а по една во Варна и Бургас.
Токуда е најголемата приватна болница во Бугарија. Изградена е пред 10 години. Се простира на површина од 52.000 метри квадратни. Годишно тука поминуваат околу 200.000 пациенти. Има 575 болнички кревети, 37 одделенија и 23 операциони сали.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
