Аеродромот во Тирана постави нов рекорд, за шест месеци, над 7,8 милиони патници

Меѓународниот аеродром во Тирана (ТИА) постигна нов историски рекорд во август, објави директорот на компанијата, Пјервиторио Фараби.
Според него, аеродромот минатиот месец опслужил повеќе од 1,4 милиони патници, што претставува раст од 13 проценти во споредба со истиот период минатата година.
„Август беше најдобриот месец во историјата за нас. Само на 11 август, опслуживме повеќе од 53 илјади патници за еден ден, што е нов апсолутен рекорд“, рече Фараби во својата објава на LinkedIn.
Покрај тој датум, аеродромот го надмина прагот од 50.000 патници дневно на 4, 15 и 18 август, што го потврди растечкиот тренд на побарувачката за летови од главниот град на Албанија.
Фараби им се заблагодари на вработените за високото ниво на оперативни стандарди во услови на рекордна гужва и нагласи дека ТИА влезе во период на континуиран раст:
„Веќе имаме повеќе од 50 последователни месеци раст и немаме планови да забавиме. Само оваа година, веќе се регистрирани над 8 милиони патници, а целта за 2025 година е да достигнеме 12 милиони.“
Дополнителен раст се очекува и благодарение на најавите од авиокомпаниите. Визер ќе го донесе својот 14-ти авион во Тирана, додека Рајанер го објави отворањето на својата база во април 2026 година.
„Достигнувањето на 12 милиони патници во 2025 година не е илузија – тоа е реална цел и убедени сме дека можеме да ја постигнеме заедно“, рече Фараби, во објава на својот профил на LinkedIn.
МИА
Ново на Сител
-

Најмалку шест жртви во ноќешните руски напади врз Украина
-

Папата Лав има рак на белите дробови
-

Продолжуваат судирите меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана
-

Променливо облачно со засилен ветер кој на места ќе надминува 60 км/h
-

Мерц побара Иран да престане да го дестабилизира Блискиот Исток
-

Ноќеска дожд, утре променливо облачно и постудено, наместа ветер над 60 км/h
-

Распишана централна и меѓународна потерница по Михаилова Ива
-

Казни од 500 до 1.500 евра за младите во Хрватска доколку не се јават на преглед за воен рок
