Македонија
26. јуни 2025 - 16:36

Африм Гаши негира негова смена од спикерското столче - во ВРЕДИ се било во ред

Собранискиот спикер Африм Гаши негира дека се подготвува негова смена од позицијата.  По информациите дека постојат силни недоразбирања во коалицијата, а неговата смена е веќе договорена, тврди дека дека партнерите работеле во реалсирана атмосфера за локалните избори. Не сакаше да открие дали постои договор кој колку ќе добие од партискиот колач.

Според неофицијални информаци, токму големите барања на Гаши, неговата Алтернатива да добие повеќе места на советничките листи и кандидати за градоначалници биле причина за кавга во коалицијата. Дополнително, според истите извори, по заминувањето на Таравари на Гаши му било кажано дека се намалува неговото влијание кај електоратот, а поради тоа и не може да добие многу за изборите.

Во моментов Алтернатива има тројца пратеници во Парламентот.

Албанската опозиција пак се уште се пребројува, но од Европскиот фронт потврдија дека Таравари е се поблиску до коалицирање со Ахмети. Вратата велат била отворена и за други.

И додека траат партиските прекројувања, ниту ВРЕДИ, ниту Европскиот фронт, не соопштуваат имиња со кои влегуваат во трката за освојување на локалната власт. Но и двете страни ги интензивираат средбите со граѓани за да обезбедат глас повеќе на своето конто.