Агелер за законот за амнестија: Важно е ваквите процеси да бидат транспарентни и легални
Американската амбасадорка Анџела Агелер во врска со предложенииот закон за амнестија денеска изјави дека за САД и Американската амбасада е важно ваквите процеси да се одвиваат транспарентно и да бидат легални.
Таа одговарајќи на новинарско прашање при посетата на селото Радово по повод пуштање во употреба на предучилишен едукативен центар во Босилево, преку програма на УСАИД, нагласи дека е запознаена оти законот е влезен во собраниска процедура, но дека не е ја знае неговата содржина и додаде дека е важно политичките лидери да ја запознаат јавноста со потребата од негово носење.
-Граѓаните во земјата треба да разберат што се случува и зошто тоа се случува и нивните избрани лидери да комуницираат со нив зошто тоа е важно. Ова не е прв закон за амнестија, секако нема да биде последен и ние одблизу го следиме процесот за да го видиме крајниот резултат, рече Агелер.
Кабинетот на претседателот на Парламентот вчера информира дека законот веќе е доставен до пратениците и е предложен да се носи по скратена постапка.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера дециден дека законот не е правен за личности, туку за дела од помал обем со намера за релаксирање на пренатрупаните капацитети, а од опозицијата остануваат на ставот дека со законот се опфатени „озлогласени криминалци“.
Ново на Сител
-
Топлотен бран ја зафаќа земјава – препораки за заштита од високите температури
-
Зеленски сака поголемо европско влијание во преговорите за Украина
-
Израелскиот кабинет за безбедност одобри план за заземање на градот Газа
-
Трамп ќе биде домаќин на лидерите на Азербејџан и Ерменија на официјална церемонија за потпишување мировен договор
-
Сончево и топло до 37 степени
-
На ГП Богородица се чека околу 30 минути
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед