Ахмети: Јас ја уништив Југославија, jас не сум претставник на мачки туку на лавови
Али Ахмети, на брифинг со новинари, изјавил дека токму тој имал клучна улога во распадот на Југославија и предупредил дека доколку излезе на улица, тоа би било без враќање.
Тој истакнал дека во Македонија нема друг кој подобро знае како се гради национализам, нагласувајќи дека дваесет години го реализирал проектот од 1981 до 2001 година. Според неговите зборови, во своите настапи никогаш не се занимавал со ВМРО, СДСМ или Влен, туку јасно им ги соопштил своите ставови на, како што ги нарекол, вазалите во периодот од 2002 до 2025 година. Ахмети оценил дека тие не нудат трајно и одржливо решение, пренесуваат медиумите кои биле присутни на брифингот.
Тој додал дека планот А останува насочен кон развој и напредок на државата и изразил надеж дека нема да има потреба од преминување на планот Б.
Во таа насока, Ахмети повторил дека неговото евентуално излегување на улица би било конечен чекор, нагласувајќи дека не претставува „мачки“, туку „лавови“.
Ново на Сител
-

Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-

ФБИ пронајде над еден милион нови документи за Епштајн
-

Во Лос Анџелес прогласена вонредна состојба поради поплавите
-

Без вода делови од општините Аеродром и Центар
-

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
-

Силна експлозија пред филијала на банка во Солун
-

Тошковски: Толеранцијата на „Безбеден град“ ќе биде идентична со полициските радари
-

Нови зборови за новото време: Мисија на „Зборци“ | Виктор Бучковски | Sitel Podcast 132
