Loading Video...
Кошарка
14. December 2021 - 18:30
Академија ФМП домаќин на Левски во дуел од БИБЛ лигата
И во Балканската лига, нашите претставници Академија ФМП и ТФТ Скопје денеска и утре ќе имаат свои настапи.
Вечерва од 19 часот, составот на Академија ФМП ќе го игра својот петти натпревар во рамките од А групата на БИБЛ лигата.
ФМП ќе атакува на својата прва победа и тоа во дуелот против бугарскиот тим Левски Софија.
Ова е претпоследниот меч за тимот од Кисела Вода во оваа календарска година, во која останува уште дуелот со израелскиот тим Макаби Хаифа што ќе се игра во понедлник 20 декември.
А, утревечер, екипата на ТФТ ја има последната обврска во БИБЛ лигата и тоа пред својата публика во СРЦ Кале каде ќе гостува црногорскиот Ибар Рожаје тим кој ја доби првата меѓусебна пресметка само со два поени разлика (79-77).
-
Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->