Академик Попов со критика кон домашните институции, но и меѓународната заедница
Македонскиот пат кон ЕУ губи секаква смисла додека земјата станува заложник на геополитичките одлуки на сметка на реалните реформи. Во годишното експозе Академик Живко Попов алармира, додека Брисел ги менува правилата, државата се соочува со внатрешна ерозија.
Попов е дециден дека генералната партизација на институциите како рак рана влијае на функционалноста и го уништува капацитетот за дејствување. Со вака концепиран систем Македонија не само што тешко ќе ги отвара поглавјата туку и го губи сопствениот институционален дигнитет.
Посебен фокус беше ставен на правосудството. Академик Попов посочи дека Судскиот совет не се покажал доволно силен и компетентен да ги наметне своите одлуки што резултирало со минимална доверба кај граѓаните.
Во време кога се одбележуваат 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик од МАНУ нагласуваат дека Македонија е единствена земја без свој национален јазичен корпус за што најавија свој стратешки проекти за заштита на јазичниот идентитет. Академијата алармираше и за одливот на мозоци и побара итно донесување на законските измени со кои ќе се гарантира институционалната стабилност на највисоката научна установа во земјава.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
