Акцијата во која беа откриени шест килограми амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, оцени Тошковски
Добро организираната акција за откривање на амфетамин е резултат на напорите на МВР во сузбивањето на трговијата со дрога, рече министерот Панче Тошковски, денеска при посетата на ГП Табановце-Прешево на кој беше промовиран „One Stop системот“ за побрз проток и помалку чекање на граѓаните.
- Сето она коешто се случуваше во текот на вчерашниот ден е само уште еден доказ дека МВР е силно посветено против нелегалната трговија со дрога. Оне историски резултати коишто се покажуваат во изминатата година навистина се впечатливи и покажавме дека со труд, со работа и посветеност можеме да се спротивставиме на нарко-дилерите во Македонија. Вчерашната акција беше поврзана токму со ова, откриени, се фатени се при оваа полициска акција, добро организирана, подолг временски период, пет килограми амфетамин коишто се поврзани со одредени криминални групи во Македонија. Сега, засега не би можел да изнесам дополнителни детали, се постапува во координација со надлежен јавен обвинител и ќе бидат процесуирани пред судија на претходна постапка, оние коишто се инволвирани во рамки на овој кривично-правен настан, рече Тошковски.
Дополнително, тој посочи дека дрогата била наменета за македонскиот пазар. Одговарајќи на новинарски прашања кажа дека оваа акција не е поврзана со претходната акција во Струмица.
- Да, знам дека одредена група на полициски службеници коишто не постапувале, согласно напатствијата коишто ги имаат беа предмет на работа на одделот за внатрешна контрола, како заврши постапката не би можел да споделам во овој момент, може дополнително да се сподели со јавноста, таа информација. Но, знам дека одделот за внатрешна контрола постапуваше, одговараше Тошковски на новинарски прашања.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена
-
Лавров му честита на Рубио за Денот на независноста на САД
-
Македонец загина во тешка сообраќајка во Србија откако излетал од патот