Акциска контрола во Скопје: Констатирани 37 сообраќајни прекршоци, одземен е еден мотоцикл

На 25.01.2026 во периодот од 14:00 до 22:00 часот, од страна на Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје и Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје беше спроведена зајакната акциска контрола. При контролата, на различни локации на подрачјето на општина Аеродром, од слобода се лишени Б.П.(33) и К.З.(21), двајцата од Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана.
Кај Д.А.(26) од Скопје бил пронајден и одземен нож, а во друг случај е одземен еден мотоцикл поради сомнение за фалсификат. Од страна на полициските службеници од Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје санкционирани се 37 сообраќајни прекршоци, меѓу кои две за управување возило без возачка дозвола, две за измината важност на регистрација, една за управување возило под дејство на алкохол итн.
Извршена е контрола на 55 моторни возила, легитимирање на 55 лица и преглед на 48 моторни возила.
Ново на Сител
-

31 конгрес на СДСМ
-

Судии и обвинители пријавени за државен јавен обвинител, огласот истекува во понеделник
-

Последни проверки за „Безбеден град“
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ против безбедноста
-

Се подготвува извештајот кој треба да биде доставен до УНЕСКО
-

Протест за чист воздух во Струмица
-

Дрвокрадци го пустошат дрвниот фонд на Македонија
-

Селекција на отпад
