Македонија
5. November 2022 - 16:39

Ако пожарникарите станат обезбедувачи, кој ќе гасне пожари?

Пожарникарите не можат и не смеат да бидат ангажирани како обезбедување во средните училишта. Нема законска можност овој предлог да помине велат од советничката груоа на ВМРО-ДПМНЕ. За овие предлози советниците досега воопшто не биле консултирани.

Актуелното раководство  доколку достави ваква противзаконска  одлука ќе создаде уште поголем проблем во градот.

Секое ангажирање на Противпожарната бригада на задачи надвор од законот го доведува во опасност главниот град оценува и проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет за идејата пожарникари да ги обезбедуваат средните училишта во Скопје.

–Согласно кој закон тие имаат надлежност да обезбедуваат објекти, имоти и лица, а најмалку пак ученици и како ќе користат методи, опрема и други средства за обезбедување кога за тоа немаат законски овластувања?

Градот Скопје има 23 средни училишта, а во смена во ППБ на град Скопје се 36 пожарникари, односно вкупниот ППБ на Град Скопје вкупно брои 192 припадници. Секое механичко играње со бројки и нивно прераспоредувале на нови задачи може да го доведе во прашање основното функционирање на градот во заштитата од пожари.

Град Скопје има можност за започнување на постапка  распишување на јавна набавка за обезбедување на средните учиулишта во износ од околу 12 милиони денари тврдат познавачите. Постапката би траела приближно 30 дена согласно законската рамка и сите училишта би добиле лица за обезбедување. Средните училишта согласно нивната систематизација немаат можност да вработуваат ваков кадар за обезбедување.