Активни седум пожари - гори нискостеблеста шума, ниска вегетација, стрништа
Во изминатото деноноќие во земјава се евидентирани вкупно 33 пожари на отворен простор, од кои седум се активни, седум се под контрола, а 19 се изгаснати.
Како што соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Василево, Радовиш и Берово, поточно во село Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.
Исто така активен пожари има и во прилепското село Бешиште, на место викано Бешишки Рид, во село Црешнево во општина Македонски Брод, во штипските села Драгоево и Селце, во кочанското село Нивичани, во село Јунузлија во општина Карбинци, како и во село Гумалево во општина Зелениково.
Под контрола се ставени пожарите меѓу прилепските селата Царевиќ и Смолани, поточно во местото Радобилски Рид, потоа во селото Латово, на местото Маркова Стапалка, помеѓу селата Локвица и Крапа, кај селото Грешница во општина Македонски Брод, во ресенското село Долно Перово, како и меѓу селата Церово и Групчин во општина Желино.
МИА
Ново на Сител
-
Скопско со нова кампања: Вкусот што нѐ опушта и прави да сме свои
-
На „Табановце“ за влез и излез од државата се чека 20 минути
-
Во Газа досега загинаа 232 новинари
-
Отстранети пешкири, лежалки и чадори поставени без дозвола на плажите во Полихроно и Калитеа
-
Од недела пад на температурите со локален пороен дожд и ветер
-
Гаши пуштен на домашно лекување
-
Татјана Димитровска ја поднесе оставката до Собрание
-
Канабис, луксузна облека и цигари запленети на граничните премини - спречен влез на мигранти