Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри
Алармантна состојбата со недостиг од медицински сестри во здравствениот систем. Одливот на овој кадар поради нерешен работен статус, непризнаено образование, заминување во странство, па и откажување поради неповолните услови за работа е голем.
Она што е загрижувачко е што се почесто си заминуваат искусни лица за поголеми плати.
Од здружението на медицински лица „За нас“ посочуваат дека за жал многу малку се прави за да се задржи кадарот а професијата не им дозволува своите права да ги бараат преку протести на улица бидејќи пациентите секојдневно чекаат нивна нега .
Проблемот со недостаток на овој кадар има значителни последици за функционирањето на здравствениот систем. Со години сестринството се бори за Закон за медицински сестри со кој ќе се регулира професијата и ќе се издигнат стандардите, но работите сеуште тапкаат во место.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар