Албанија - црн рекорд во регионот, досега опожарени 55.154 хектари земјиште

Досега во пожарите што ја зафатија Албанија опожарени се 55.154 хектари земјиште, со што земјата продолжува да биде на прво место во регионот по вкупно изгорени површини.
-2025 година го регистрира најцрниот рекорд за штети предизвикани од пожари во последните пет години. Минатата година, во земјата беа изгорени 46.623 хектари, додека претходните години имаше пониски бројки. Рекордните бројки за најголемите површини некогаш изгорени од пожари во Албанија се забележани во 2007 година со 127.491 хектари, во 2011 година 54.370, додека следната година 53.459 хектари, објави евроњуз Албанија (euronews.al).
Повикувајќи се на европскиот механизам, по „Албанија по опожарени површини е Босна и Херцеговина со 26.705 хектари, Македонија 26.522, Црна Гора 24.054, Србија 21.211, Косово 11.892 и Хрватска 2.944 хектари”.
Во Албанија последните денови состојбата со пожарите е значително подобрена.
Министерството за одбрана информираше дека денеска се регистрирани пет пожари од кои три се активни, а два се под надзор.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп: Илјадници ракети се насочени кон Иран во случај на обид за атентат врз мене
-

Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-

Заложничка драма во Берлин
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
