Албанија: Од 2021 година странците купиле имот во вредност од 1,3 милијарди евра
Во последните години, Албанија стана интересен пазар за купување недвижности од страна на странци, особено на крајбрежјето, каде што цените се сè уште пониски во споредба со другите земји во регионот, како што се Хрватска или Црна Гора.
„Според податоците од Централна банка на Албанија, која ги пресметува овие текови како странски директни инвестиции во секторот за недвижности, во 2024 година, странците купиле имот во вредност од околу 380 милиони евра. Од 2021 година, кога започнал странскиот интерес, главно на албанското крајбрежје, до март 2025 година, странците купиле имот во вредност од околу 1,3 милијарди евра, стои во анализата на весникот „Монитор“.
Учеството на инвестициите во недвижности во однос на вкупните инвестиции во земјата значително се зголемени. Во 2014 година, купувањето недвижности од страна на странци сочинувале само 5,7% од странските инвестиции, додека во 2024 година, овој удел се зголемил на 24%.
„Рекордот е поставен во првиот квартал од оваа година, каде што купувањето станови од страна на странци учествуваше со речиси 29% од вкупниот тек на странски инвестиции во земјата. Вкупно, странските директни инвестиции во првиот квартал од годината изнесуваа 362 милиони евра, со мало зголемување од 2,3% на годишна основа, констатира „Монитор“.
На второ место се финансиските и осигурителните дејности со 75 милиони евра, додека индустријата за ископ привлекла 51 милион. Другите сектори, како што се преработувачката индустрија и енергетиката, забележале пад, додека трговијата се зголемила за 28%.
Ново на Сител
-
Пораз од Швајцарија на македонските одбојкари
-
Станав популарен на стари години | Трајче Толевски | ПРОфесија | Sitel Podcast 107
-
ЦУК: Гори депонијата во Вардариште
-
Трамп: Ако енергијата поевтини доволно, Путин ќе престане да убива луѓе
-
Скопјанец удрил во заштитна ограда на исклучокот од патот Прилеп - Градско и ја качил на покривот на возилото
-
Кривична пријава за скопјанец кој преку веб страница продавал билети за непостоечки концерт
-
Лихвари од Скопје за 30.000 евра изнудиле 300.000 евра од кумановец
-
Безживотно тело на маж пронајдено покриено со земја и предмети во Кавадарци