Александар Чупиќ ќе распише напладне избори за претседател на Србија

Претседателот на Народното собрание на Република Србија, Александар Чупиќ, денеска напладне ќе ги распише изборите за претседател на државата.
Законот за претседател во Србија предвидува дека, доколку мандатот на претседателот на Републиката заврши пред времето за кое е избран, изборите се распишуваат така што гласањето ќе се одржи најдоцна три месеци од денот кога ќе заврши мандатот на претседателот.
За ден на гласање се одредува неработен ден.
Редовни избори за претседател на Србија се одржуваат на секои пет години. Мандатот на претседателот завршува пред истекот на рокот во случај на оставка или одлука за негово разрешување.
Кандидати за претседател на Републиката можат да номинираат политички партии регистрирани во Регистарот на политички партии, коалиции на политички партии и групи граѓани.
Кандидатот кој добил мнозинство гласови од гласачите кои гласале е избран за претседател на Републиката.
Доколку ниту еден кандидат не добие мнозинство гласови од гласачите кои гласале, Републичката изборна комисија, во рок од три дена од денот на конечниот резултат од вкупниот извештај за резултатите од изборите, донесува решение со кое утврдува дека гласањето треба да се повтори во рок од 15 дена од денот на донесувањето на одлуката за повторување на гласањето (втор круг на избори).
Во повторното гласање учествуваат двајцата кандидати кои добиле најголем број гласови на првото гласање.
Поранешниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, поднесе оставка на 27 септември.
МИА
Ново на Сител
-

Скандал во Турција: Приведена Ферхунде од „Кога лисјата паѓаат“ во истрага за проституција и наркотици
-

ЈО: Кривична пријава против татко и две ќерки за тешка телесна повреда на жена од Дрење
-

Австрија ги зајакнува мерките за заштита од дронови
-

Украдени личните податоци на над еден милион Белгијци
-

Мицкоски: Македонија испорачува реформи, очекувам во Брисел да потврдат дека земјите од Западен Балкан припаѓаат во ЕУ
-

МВР: 373 прекршоци кај возачите при акциска сообраќајна контрола, откриен и возач без дозвола
-

Ужас во Струмица: 21-годишник силувал 12-годишно девојче
-

Мицкоски: Решението за студентскиот оброк е на маса, студентите ќе добијат поголеми права и привилегии
