-->
-->
Алиу: Лековите за пациентите со ретки болести ќе бидат обезбедени, правиме набавка за три години
-->

Министерот за здравство Азир Алиу денеска изјави дека ќе бидат обезбедени лекови за пациентите со ретки болести и оти оваа година првпат ќе се прави набавка на лекови за овие пациенти за три години, поинаку од досега кога се набавувале само за една година.
- Владата од оваа година ќе има тригодишна набавка и можеби изгледа дека овој буџет е намален бидејќи методологијата беше поинаква, но ви гарантирам дека ниеден граѓанин и ниедно дете нема да останат без потребните лекови и без медицински третман бидејќи тоа е наша обврска како Министерство за здравство, како држава и како Влада и свесни сме дека овие граѓани треба да се лекуваат од самото детство - рече министерот Алиу одговарајќи на прашање на пратеничката Бисера Костадиновска поврзано со намалување на средствата за ретки болести.
Министерот за здравство рече дека е зголемен буџетот за трансфер за знаење на лекарите за пациентите со ретки болести. - Имаме средби со надворешни експерти, кои работат со нашите лекари, за да имаме нови методи и лекување на овие пациенти, не само во однос на лековите туку и за другите третмани кои се екосистем за здравјето на овие деца - рече Алиу на седницата за пратенички прашања.
Тој додаде дека има стандардизација на процедурите и секој лекар што ќе лекува пациенти со ретки болести треба да има стриктен протокол и софтвер што ќе го следи пациентот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Eпилепсија, вртоглавици, моторни оштетувања: Симптоми на пост-западнонилски синдром
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се празнува Успение на Пресвета Богородица
-

Премиерот Мицкоски во посета на Манастирот Успение на Пресвета Богородица во Берово
-

Охрид преполн со туристи за празничниот викенд
-

Одржана 15-та средба на Русалии, единтвените играорци чувари на традицијата на бежанците од Егејскиот дел на Македонија
-

Охрид и ова лето во духот на музиката
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
