Македонија
1. April 2026 - 14:12

Алиу: Предлог-законот за заштита од пушење наредната недела на Влада, синхоринизирани сме со сите институции

Министерот за здравство Азир Алиу очекува предлог-законот за заштита од пушење наредната недела да помине на владина седница.

Одговарајќи на новинарски прашања денеска на прес-конференција во Министерството за здравство, тој нагласи дека се синхронизирани со сите институции.

- Знаете дека се синхронизиравме со сите институции. Денеска доаѓам од една работна група и по пресот, ќе продолжиме. Ценам дека наредната недела веќе ќе помине на седница на Влада - рече Алиу.

 

МИА

Ново на Сител