Алиу: Процесот на вработувања во здравството е при крај, не е неисполнето ветување
Министерот за здравство Азир Алиу вели дека процесот на вработување на 150 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово е при крај и не станува збор за неисполнето ветување, туку за процес што е започнат и е при крај.
- Ние не ветивме, туку реализиравме. Процесот не е целосно завршен, но, сите чекори за вработување на овие лица се завршени, освен потпишувањето на договорот и завршната средба со директорот. Ова е процес што веќе е во тек и не може да се поништи. Ниту министерот, ниту директорот не можат да одлучат да го откажат по локалните избори - едноставно тоа не е можно, рече Алиу во интервју за Алсат-М.
Сите кандидати биле тестирани и конечната листа била составена. Сега останувало само последната административна фаза, што вклучувала кратка средба со директорот и потоа потпишување на договорот.
Министерот исто така најави дека покрај овие работни места што се во процес, ќе има и нови вработувања, поради големиот недостиг на кадар во здравствениот сектор во државава.
- Здравствениот сектор е еко-систем што се соочува со сериозен недостиг на медицински сестри, технички кадар и лекари. Ние не можеме да го планираме буџетот врз основа на минатото, туку според реалните потреби. Во моментов го изработивме првиот нацрт-скен на состојбата и имаме две сценарија: институции со сериозен недостиг и институции со повеќе кадар отколку што е потребно, појасни министерот.
Министерството подготвувало внатрешна реорганизација за балансирање на медицинскиот кадар во согласност со потребите, како и за зголемување на транспарентноста и ефикасноста на услугите.
- Ќе има реорганизација на услугите и кадарот. Ќе биде потребно време, но, целта е здравството да стане поквалитетно и потранспарентно. Со дигитализацијата како трета столбна точка на реформата, граѓаните ќе имаат пристап до информации во реално време за секоја услуга и процес - вклучително и случаите кога има доцнења или пречки, додаде Алиу.
МИА
Ново на Сител
-
Се уште активни пожарите кај село Винче и на Кожуф
-
Кедев: Неопходна е контрола во приватното, но и во јавното здравство зашто и таму има непотребни интервенции
-
Без струја делови од Бутел и Кисела Вода
-
Трамп навестува одземање на лиценците за телевизиските мрежи кои известуваат негативно за него
-
Демократски сенатори поднесоа резолуција за признавање на палестинска држава
-
Во Србија од почетокот на 2026 година ќе биде првата генерација која ќе служи задолжителен воен рок
-
Ведро и посвежо утро, сончево во текот на денот
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево