Алкалоид на висински подготовки во Маврово

Освојувачот на Европскиот куп на ЕХФ македонскиот тим Алкалоид ја стартуваше втората фаза од подготовките. Салата во Автокоманда ја замени со Маврово, каде избраниците на Кирил Лазаров ќе се подготвуваат со фокус на физичката подготовка.
Еден од помошниците на Лазаров, Петар Баснарков е задолжен за текот на подготовките барем за овој дел, а тој е задоволен од сработеното досега.
-Играчите посебно тие што се подолго време во екипата ги знаат принципите. Мене ми е ова петта сезона во клубот и сите се запознаени со мојот начин на работа, а и јас сум запознаен со нивните перформанси. Ние во суштина работиме и преку цело лето. Ракометарите добиваат десет дена одмор, а потоа почнуваме со работа во меѓу сезона или т.н. „off season“, што е честа пракса на пример во кошарката. Го работиме тоа така за да дојдеме во ситуација да бидеме 70-80 % подготвени кога ќе стартуваат подготовките. Тоа е битно за да се намали времето потребно за физичка подготвеност, а да се зголеми времето во кое Лазаров ќе може да работи тактика. Ова е особено важно сезонава, затоа што порано почнуваме со натпревари, па така на подготовките играчите буквално од прв ден можат да тренираат со топка, истакна Баснарков.
Марко Митев и Никола Костески кои имаа повреди и го пропуштија крајот од сезоната засега работат одвоено со физиотерапевт, а од следната недела ќе бидат заедно со другиот дел од тимот.
По завршувањето на овој дел Алкалоид ќе замине за Србија и Хрватска, каде ќе одигра и неколку контролни натпревари.
Првиот натпревар во новата сезона за Алкалоид е дуелот со Хановер на 31.август од квалификациите од Лига Европа.
МИА
Ново на Сител
-

ОЈО Битола: Поведена постапка против 56-годишен маж за силување на жена
-

Премиерот Мицкоски во Русиново на119-годишнината од загинувањето на Даме Груев
-

На 75-годишна возраст почина Драган Б. Костиќ
-

Свечена академија по повод 80 години од основањето на Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово
-

Франкфурт воведува евтино ноќно такси за жените
-

Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб
-

Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух
-

Отворен 25. Меморијален турнир во чест на загинатите бранители и припадници на полицијата во 2001 и 2015 година
