Алкалоид отвори нов Центар за контрола на квалитет
Фармацевтскиот гигант Алкалоид АД Скопје отвори нов Центар за контрола на квалитет. Капиталната инвестиција е вредна над пет милиони евра.
- Центарот за контрола на квалитет на лековите е опремен со високо софистицирана опрема од реномирани светски производители според најстрогите стандарди за добра производна пракса. Во Центарот за контрола на квалитет ќе работат над 100 високо стручни извршители за која квота во моментов има 26 нови вработувања. Седумдесет проценти од вработените се со високо образование, а дел од нив се специјалисти и магистри по науки, рече Живко Мукаетов, генерален директор и претседател на Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје.
Новиот современ објект е на површина од 3000 м2. Во него според актуелните светски стандарди се контролира влезот на материјалите за производство, па се до готовиот фармацевтски производ.
- За функционирање на објектот обезбедени се соодветни услови за работа, системот на отпадни води е соодветно решен согласно актуелните европски и светски стандарди, а работните услови од аспект на безбедност при работа се на највисоко можно ниво, рече Христина Бабуновска, директорка на Центарот за контрола на квалитет.
Компанијата Алкалоид која успешно функционира полни осум децении има над 1600 вработени, 16 подружници и 4 претставништва надвор од Македонија, а производите се продаваат во 300 земји ширум светот. Нивното мото е здравјето пред се.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
