Алтернатива: Орхан Муртезани е кандидат за министер за европски прашања
На денешниот состанок на Централното претседателство на Алтернатива Орхан Муртезани, едногласно е избран за кандидат на партијата за министер во Министерството за европски прашања, соопштија од партијата.
Муртезани е поранешен генерален директор во МЕПСО и во Македонски Железници – Транспорт, како и актуелен секретар за односи со јавноста и портпарол на Алтернатива.
На оваа средба се разговарало и за кандидатот за заменик министер за образование и наука, при што исто така едногласно било одлучено да биде проф. д-р. Лулзим Алиу, универзитетски професор и продекан на Педагошкиот факултет, поранешен заменик министер за образование, а моментално секретар на Секретаријатот за стратегиски политики во Алтернатива.
– Бидејќи Алтернатива презеде одговорност и за заменик-министерот во Министерството за етнички заедници, за ова име Централното претседателство едногласно одлучи кандидат на Алтернатива за оваа функција да биде Сафије Садики Шаини – универзитетски професор, поранешен пратеник и потпретседателка на Алтернатива, стои во соопштението.
На средбата се разговарало и за оставката на поранешниот претседател на Алтернатива, Африм Гаши, кој е избран на функцијата Претседател на Собранието на Република Северна Македонија.
– Судејќи дека во интерес на партиското претставување е партијата да има претседател со полн легитимитет, Централното претседателство на Алтернативата одлучи да му предложи на Централното собрание да донесе одлука за организирање на вонреден конгрес за избор на новиот претседател на Алтернатива, соопштија од партијата.
Ново на Сител
-
Русија го тестира Западот, притисокот мора да се зголеми, вели германскиот министер за надворешни работи
-
Протест на „Стоп за Вардариште“ со блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје
-
Тошковски ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје
-
Истражна постапка против две лица осомничени за тепачка со смртни последици
-
Вучиќ пристигна во Осака на неколкудневна посета на Јапонија
-
Трамп го предупреди Израел да биде внимателен по нападот во Катар
-
Сончево со мала облачност и ветер
-
Поведена постапка против едно лице за сообраќајна несреќа во Марино