Амбер Хард обвинета за „кражба“ на приказната за физички напад од Џони Деп
Глумицата Амбер Хард е обвинета од нејзината пораншна помошничка дека ѝ „го украла искуството“ за тоа како таа – Кејт Џејмс била злоупотребена и сексуално нападната во минатото, за актерката да го искористи тоа против поранешниот сопруг Џони Деп.
Во лондонскиот Врховен суд денеска, Џејмс преку видеоврска од Лос Анџелес сведочеше дека била вџашена од подробностите во приказната на Хард.
– Бев крајно шокирана и разочарана кога открив дека г-ѓа Херд ми го украде разговорот за сексуално насилство што го водев со неа, и го вметна во сопствената приказна заради корист за себе, рече Џејмс.
Како што самата рече, однесувањето на Херд кај неа предизвикало огромна вознемиреност и бес.
Пред две години, Амбер Хард го доби случајот против Џони Деп и за тоа доби отштета од седум милиони долари. Новото судење во Лондон е дел од тужбата на Деп против британскиот таблоид „Сан“ за напис од 2018 година. Во друг случај, во САД, Деп ја тужи Хард за 50 милиони долари отштета, за нарушување на угледот. Тој процес се очекува да почне идната година.
Ново на Сител
-

Сабаленка за вирусот на турнирот во Мадрид: Слушнав дека треба да ги избегнувам тие такос
-

Македонија со јасна енергетска трансформација и конкретни резултати – силна порака од ЈЕСКО во Берлин
-

ФБИ и МВР во акција во Голема Речица: Откриен нелегален онлајн пазар вреден 500.000 долари
-

Приведен 26-годишен дрвокрадец од скопско | ФОТО
-

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје
-

Избори за ректор на УКИМ – ќе се гласа за кандидатите Биљана Ангелова и Дарко Данев
-

Информативна сесија за примената на Законот за работно ангажирање на лица
-

ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за СП 2026
