АМЕРИКАНЦИТЕ
Премиерни епизоди од врвната шпионска серија исполнета со многу акција, политички пресврти и неочекувани игри за моќ и правда. Добитничка на неколку Прајмтајм ЕМИ награди, како и Златен глобус за најдобра ТВ серија. Стана една од ретките телевизиски драми што освои две награди Peabody за време на нејзиното прикажување. The Hollywood Reporter и Американскиот филмски институт ја сместија во топ 10 најдобри серии на сите времиња, ставајќи ја во рангот со култните "The Sopranos" и "Breaking bad".
Напнатоста која нè држеше будни во првите сезони продолжува и во следните продолженија од приказната за руските шпиони, инфилтрирани на американско тло за време на Студената војна во 1980-тите. Филип и Елизабет ќе сторат сè што е во нивна моќ за да го чуваат во тајност својот шпионски живот, но за тоа веќе ќе почнат да дознаваат и нивните најблиски. Во исто време, новата уникатна операција на која се подложуваат, го оптоварува нивниот брак, а тајните планови повторно носат голема опасност за земјата.
Ново на Сител
-
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати, раст од 23,44 проценти во мај
-
На преминот Ќафасан уапсен жител на Кичево баран со меѓународна потерница
-
Промоција на противпожарни возила во Криволак
-
Активни три пожари во реони на општините Прилеп, Македонски Брод и Чашка
-
Малолетниците во просек до пет часа дневно на интернет
-
Во поплавите во Тексас загинаа над 50 луѓе
-
На ГП „Богородица“ се чека од 30 до 40 минути
-
Маск формира нова политичка партија во САД