Loading Video...
Спорт плус
18. December 2021 - 18:21

Американецот, Бенет најбрз на спустот во Вал Гардена

На машкиот спуст што се одржа во италијанскиот ски-центар Вал Гардена, триумф на Брајс БЕНЕТ. 
 
29-годишниот Американе, ја изненади конкуренцијата, и по двете трки имаше најдобро време, притоа оставајќи ги зад себе Австриецот, Отмар Стридингер за 14, односно Швајцарецот, Нилс Хинтерман за 32.стотинки. 
 
Австриецот, Матиас Мајер кој денеска заврши дури на 16.место останува лидер во Генералниот пласман во спуст, додека во севкупниот генерален поредок лидер е Шварцарецот, Одермат кој има 48 бодови предност пред Мајер.
 
Утре, машите ќе бидат во Алта Бадија каде ќе се вози велеслаломската трка.